ЦУК: Три активни пожари на отворено – во општините Пробиштип, Куманово и Петровец

t

Три активни, еден под контрола и осум изгаснати пожари до 18 часот се регистрирани денес низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен, како што посочија, е пожарот во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума.

Пожар има и во атарот на село Винце, кумановско – каде гори сува трева, како и во општина Петровец, на потегот од село Горно Коњари кон село Винце каде гори сува трева, грмушки и шума.

Од ЦУК велат дека под контрола е ставен пожарот во општина Кавадарци – над депонијата во Росоман каде гореше сува трева.

„Изгаснати се пожарите во општина Могила помеѓу селата Српци и Беранци (жито), општина Велес – Бојаџиина Чешма (сува трева, трње и лозови насади), општина Струга – Генц Комерц (ниска вегетација и стрниште), општина Студеничани – с. Студеничани (ниска вегетација), општина Врапчиште – с. Неготино (сува трева), општина Струга – с. Делогожда (сува трева), општина Куманово – Споменик Костурница (сува трева и борова шума) и општина Гевгелија – на правецот од с. Миравци кон с. Петрово (сува трева)“, информираат од ЦУК.

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно дванаесет пожари на отворен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Три активни пожари на отворено –…

Три активни, еден под контрола и осум…

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си,…

На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници…

Дел од паднатите дрвја низ Скопје ќе…

Никој не може точно да каже колку…

Општина Чешиново-Облешево згрижи неколку повредени штркови по…

По силното невреме што неодамна ја зафати…

Тие што заминуваат треба да ги вратат…

Претседателот на движењето ЗНАМ од Прилеп порача…