По кражбата на енергетската инфраструктура за железница, Николоски уверува: Градскиот воз стартува на 1 септември
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека, и покрај големата штета предизвикана од кражбата и уништувањето на железничката енергетска инфраструктура кај Драчево, планираниот железнички сообраќај нема да биде доведен во прашање.
Тој информираше дека вечерва одржал координациски состанок со директорите на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, и „Македонски железници – Транспорт“, Дејан Кошутиќ, на кој биле договорени следните чекори за надминување на состојбата.
Според Николоски, градскиот воз ќе започне со работа на 1 септември, како што беше најавено. Тој додаде дека ќе продолжи и редовниот карго железнички сообраќај на Коридорот 10, кој носи најголеми приходи за железницата, како и патничките линии кон Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола.
Министерот изрази уверување дека Министерството за внатрешни работи брзо ќе ги открие сторителите на кражбата и тие ќе одговараат за предизвиканата штета. Воедно, му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за, како што наведе, брзата реакција на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…