Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики
Денес се сеќаваме и оддаваме почит на жртвите од разорниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година. Пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, за само дваесет секунди, градот беше претворен во урнатини. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, илјадници семејства останаа без својот дом, зад себе остави урнатини и болка – вели претседателот на СДСМ Венко Филипче во објава на Фејсбук.
Но, Скопје се издигна од рушевините. Со пожртвуваноста на граѓаните и помошта од целиот свет, градот повторно се исправи и стана симбол на солидарност, заедништво и надеж.
За жал, денес Скопје и целата држава се разоруваат, но не од природна непогода, туку од системска непогода, од погрешни политики, негрижа и отсуство на визија. Скопје, градот што некогаш беше пример за солидарност и напредок, денес е симбол на запоставеност, хаос и изгубени можности.
Централната и локалната власт на ВМРО единствено покажуваат солидарност кога станува збор за партиски и криминални интереси, додека општеството тоне во институционален хаос, сиромаштија и безнадежност.
26 јули ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје, потсетник дека неговата најголемата сила се граѓаните. Имаме должност да го чуваме и развиваме со љубов, визија и одговорност, да не дозволиме да се разорува од неспособност, негрижа и корупција, напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од…
Денес се сеќаваме и оддаваме почит на…
Ѓорѓиевски тврди клучката кај Момин поток ќе…
Градежните работи на клучката кај Момин Поток…
Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје:…
Во Музејот на град Скопје денеска е…
Над 8.300 повици на бројот 112 по…
Скопјани во голем број побарале помош и…