Вучиќ најавува субвенции за враќање од дијаспората
Се интензивираат предизборните ветувања во Србија, се зборува за разни поволности, исплати од Фондот за акции и како што беше случај во некои претходни кампањи – за најавени субвенции за оние што се враќаат во Србија. Иако властите инсистираат на тоа дека не ги гледаат потенцијалните повратници како клучно гласачко тело, самите луѓе на кои им се нуди оваа помош гледаат директна поврзаност со изборите, објави Н1.
Властите дарежливо делат пари бидејќи се наближуваат избори. Според најавите, предвидени се и субвенции за луѓето што се враќаат во Србија од странство.
Оние што моментално живеат надвор од Србија можеби не по сопствен избор, укажуваат на работите што субвенциите не можат да ги поправат. Еден од нив е Кристијан Матковиќ.
-Болниците и понатаму би останале такви какви што се сега; јас имам можност да работам овде во болница што функционира како што треба, а сум видел и како изгледа болницата во нашиот град Ќуприја. Сите овде заработуваат добра плата, па затоа сметам дека финансиските субвенции се, најблаго кажано, парадокс, рече Матковиќ за Н1.
Додека Кристијан не гледа начин за враќање во „земјата без одговорност“ како што ја нарекува Србија, претседателот на земјата го сумира секојдневниот напредок постигнат под власта на СНС: километри патишта, училишта, болници и работни места.
-Ние не ги гледаме како што тоа го прават некои, само како критична маса за избори. За нас, тие се прекрасни луѓе и национално богатство, научиле многу во странство и би сакале да ги видиме како се враќаат и го споделуваат тоа знаење со нас, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Сепак, и самиот Вучиќ признава дека главно се враќаат пензионерите. Финансиските субвенции често се користат како мерка од која се очекуваат позитивни демографски резултати, но тоа е неостварливо, забележува демографот Владимир Никитовиќ.
Сè уште нема официјални статистички податоци за ова, иако се планирани, па затоа ние, како истражувачи, се обидуваме да ги добиеме податоците од други извори, првенствено од земјите на дестинацијата, вели тој.
Никитовиќ додава дека постојат податоци што укажуваат на заминување на над 50.000 луѓе кои остануваат во странство најмалку една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…