Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.
– На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат…
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет…
Денеска штрајк на грчките цариници, се очекуваат…
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради…
Гостивар денеска треба да добие техничка вода
По една недела ограничено користење на водата…
Почина легендарниот македонски глумец Гоце Тодоровски
Македонската културна јавност и театарската сцена останаа…
Нетанјаху: Иран мора да ја прекине својата…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека…