Алмир Даути в.д директор на ЈП Комуналец во Гостивар
Алмир Даути е назначен за в.д. директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, соопшти градоначалникот Ваљбон Лимани.
Лимани изјави дека назначувањето било неопходно за претпријатието непречено да продолжи со работа, имајќи ги предвид неговите секојдневни обврски.
Даути е дипломиран економист и повеќе од 15 години е вработен во „Комуналец“, а последните седум години раководи со Одделението за комерција.
Тој доаѓа на местото на досегашната директорка, која беше уапсена на 21 јули и ѝ е одреден притвор. Таа, заедно со уште двајца раководители од претпријатието, е осомничена во истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, кое доведе до епидемија на ентероколитис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алмир Даути в.д директор на ЈП Комуналец…
Алмир Даути е назначен за в.д. директор…
„За 250 евра страда цел град“ –…
Доктор Никола Пановски со остра реакција на…
Мицкоски: За состојбите во Гостивар се консултираме…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
СДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на…
На граѓаните на Гостивар им се случи…
Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за…
Општина Бутел денеска донираше 22.000 литри вода…