Македонските возачки дозволи веќе не важат во Италија
Македонските граѓани се соочуваат со проблеми при користење на возачките дозволи во Италија. Дел од туристите не можат да изнајмат автомобил без меѓународна возачка дозвола, додека иселениците повеќе не можат директно да ја заменат македонската дозвола со италијанска.
Според сведоштва на туристи, рент-а-кар компаниите бараат меѓународна возачка дозвола за документи издадени надвор од Европската Унија, а во дел од случаите македонската дозвола не се појавува ниту во системот за проверка на документите.
Поголем проблем имаат македонските државјани со постојан престој во Италија, кои во моментов не можат да ја заменат македонската возачка дозвола со италијанска. Тоа значи дека за добивање локална дозвола треба повторно да полагаат, што за некои од нив претставува ризик да останат без работа.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека македонската страна ги завршила потребните процедури, а се чека конечна согласност од италијанските власти. По потпишувањето на новиот договор повторно ќе биде овозможено признавање и замена на македонските возачки дозволи во Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…