Објавено на:

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10 години затвор за воени злосторства

t

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен полицаец на 10 години затвор за воени злосторства врз цивилното население во Призрен во 1998 и во 1999 година, објави „Радио ким“.

Судот го прогласи Шаќир Лутвија, од селото Крстац кај Драгаш, за виновен откако случајот беше вратен на повторно судење.

И во претходната постапка Лутвија беше осуден на 10 години затвор.

Сепак, по жалбата на одбраната, Апелацискиот суд на Косово ја укина првостепената пресуда поради недостиг на материјални докази и контрадикторни изјави на сведоците, по што наложи повторување на постапката.

Специјалното обвинителство го обвини Лутвија дека за време на воените судири во 1998 и во 1999 година, во Призрен, самостојно и во соизвршителство со други припадници на полицијата ги прекршил нормите на меѓународното право.

Како што се наведува во обвинението, постои основано сомнение дека убивал, апсел, тепал и малтретирал цивили додека бил мобилизиран и вооружен.

Сепак, Адис Лутвија, синот на обвинетиот, во текот на постапката тврдеше дека неговиот татко бил заменет со друг полицаец во Призрен кој имал бенка на лицето.

Истото го тврдеше и адвокатката на Шаќир Лутвија, Јована Филиповиќ, која во текот на постапката наведе дека нејзиниот клиент не е одговорен за злосторствата наведени во обвинението.

Таа додаде дека во тој период во полициската станица во Призрен работел уште еден полицаец со белег на лицето, што бил главниот детал според кој оштетените го идентификувале како сторителот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Курти: Секој километар пат што нè зближува…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…