Објавено на:

Доаѓа долг топлотен бран: Балканот под вршник најмалку до 10 август

t

Нов топлотен бран од среда ќе го погоди Балканот и ќе трае најмалку до 10 август, прогнозираат метеоролозите.

Ова ќе биде најинтензивен топлотен бран ова лето, со раст на температурите од ден на ден. Се очекуваат дневни температури од над 40 Целзиусови степени во сенка во некои делови, како и тропски ноќи со високи минимални температури.

И по првата декада на август, температурите ќе останат високи. Дење ќе се движат до 35  степени, а ноќе од 20 до 25 степени.

– Во периодот од 10 до 15 август, можни се локална нестабилност и краткотрајни дождови, но без значително опаѓање на температурата. Максималните вредности ќе останат помеѓу 30 и 35 степени, со зголемена влажност на воздухот и многу спарно време. Овој топлотен бран ќе биде под највисокото ниво на метеоролошко предупредување од почетокот на летото – вели метеорологот на српскиот РХМЗ, Слободан Совиљ, за „Курир“.

Тој препорачува посебна претпазливост за децата, постарите лица, хронично болните и за работниците што работат на отворено. Работното време треба да се приспособи на временските услови и да се избегнува престој на отворено во најжешкиот дел од денот, помеѓу 10:00 часот наутро и 17:00 часот попладне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…

Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…

Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…

Полска им предложи на сојузниците на НАТО…

„ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПАРИ ЗА СЕ“, остро порача…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес во…

„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде…

Со остри критики кон институциите и барања…