Објавено на:

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија.

Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области.

– Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц.

Буџетот на ЕУ е едно од политички најчувствителните прашања во Брисел, пренесува ДПА. Тој се утврдува за период од седум години, а во моментов се водат преговори за буџетот за периодот од 2028 до 2034 година.

Овој обемен фонд првенствено се финансира од удел од бруто-националниот доход на земјите членки. Како најголема економија во ЕУ, Германија плаќа убедливо најголем придонес.

Европската комисија предлага околу 1,76 трилиони евра (2 трилиони долари) – приспособени за инфлацијата по цени од 2025 година – да се искористат за разни проекти на ЕУ, вклучувајќи набавка за одбраната, земјоделската политика, струтурното финансирање и програмата за размена „Еразмус“.

Мерц одлучно го одби предлогот на Комисијата и компромисниот предлог што моментално е на маса, а кој предвидува само минимални кратења.

– Вака широко и големо проширување на европскиот буџет за нас е неприфатливо. Бројките не се балансирани – изјави тој.

Ирска од јули го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ и затоа е одговорна за предводење на преговорите за буџетот. Се очекува Ирска да претстави нов компромисен предлог во октомври.

– Верувам дека ти, драг Михол, ќе излезеш со реалистичен предлог – рече Мерц, обраќајќи му се на ирскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мега-измама со социјална помош во Британија: Бугарката…

Бугарка која учествувала во најголемата измама со…

Муцунски: Проширувањето на Европската Унија е стратешка…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Проф. Ачкоска: По лажниот костур на Филип…

„По лажниот костур на Филип II Македонски,…

Академик Стојков за најновиот грчко-бугарски „пазар“: Нема…

Не е научно потврдено дека моштите кои…

„Пулс“: Одржани 49 рочишта, изведени 1.390 материјални…

Од почетокот на судењето за случајот со…