Студентка платила мито за да положи стручен испит по стоматологија

t

Единицата за финансиски криминал поднесе кривични пријави против три лица поради вклученост во коруптивна шема за купување на Уверение за положен стручен испит по стоматологија, а во акцијата која претходела била запленета и огромна сума на парични средства.

Според соопштението на МВР, 27-годишната студентка А.Т. од Битола, со цел да се стекне со уверение за здравствен работник без да го поседува неопходното знаење, во декември 2025 година повеќепати комуницирала преку апликацијата „Вибер“ со 56-годишниот С.Ч. од Гостивар кој е професор на Стоматолошкиот факултет и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора. Откако се договориле, студентката му префрлила парични средства директно на неговата трансакциска сметка како награда за да го искористи своето влијание.Единицата за финансиски криминал поднесе кривични пријави против три лица поради вклученост во коруптивна шема за купување на Уверение за положен стручен испит по стоматологија, а во акцијата која претходела била запленета и огромна сума на парични средства.

Според соопштението на МВР, 27-годишната студентка А.Т. од Битола, со цел да се стекне со уверение за здравствен работник без да го поседува неопходното знаење, во декември 2025 година повеќепати комуницирала преку апликацијата „Вибер“ со 56-годишниот С.Ч. од Гостивар кој е професор на Стоматолошкиот факултет и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора. Откако се договориле, студентката му префрлила парични средства директно на неговата трансакциска сметка како награда за да го искористи своето влијание.

Професорот потоа интервенирал кај третопријавениот, 63-годишниот С.Е. од Скопје, кој ја вршел функцијата претседател на Комисијата за полагање стручен испит при Министерството за здравство, по што студентката на 17 декември 2025 година се појавила пред комисијата и успешно го положила испитот, стекнувајќи се со државното уверение.
„Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени се претреси кај второ и третопријавениот при што се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65 280 евра, 29 840 франци и 161 500 денари“,велат од МВР.

Врз основа на собраните докази, студентката А.Т. се товари за кривичното дело давање награда за противзаконито влијание, професорот С.Ч. за примање награда за противзаконито влијание, додека претседателот на комисијата С.Е. ќе одговара за примање поткуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентка платила мито за да положи стручен…

Единицата за финансиски криминал поднесе кривични пријави…

Студент на ФИНКИ избркан од факултетот –…

Студент на ФИНКИ навредил наставник и го…

Изборниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат…

Матурантите в сабота ќе го полагаат вториот,…