Јавен повик на Град Скопје за субвенционирање на дефицитарни занаетчии
Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии, објави Градот Скопје.
Деталите во објава на Фејсбук ги сподели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Објавата на Ѓорѓиевски можете да ја прочитате во продолжение:
Заедно да ги зачуваме занаетите за идните генерации!
Почитувани,
Занаетите се нераскинлив дел од традицијата, културата и идентитетот.
Низ вековите, вредните раце на нашите занаетчии создавале производи со душа, го пренесувале своето знаење од колено на колено и оставале трајна трага во развојот на нашите градови и чаршии.
Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска иднина.
Затоа, наша заедничка обврска е да ги поддржиме, да им помогнеме да опстојат и да создадеме услови нивните вештини да продолжат да живеат и кај идните генерации.
Град Скопје објавува Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување.
Право на учество имаат:
Занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација;
Занаетчии кои во тековната година не користеле финансиски средства од Град Скопје;
Занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и лица кои поседуваат занаетчиска дозвола и вршат занаетчиски дејности кои, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста.
Со оваа мерка даваме конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје.
Да не дозволиме старите занаети да останат само спомен од минатото.
Да создадеме услови тие повторно да бидат ценети, препознатливи и привлечни за младите.
Заедно да ги зачуваме занаетите, да ја зачуваме традицијата и да им ја пренесеме оваа вредност на генерациите што доаѓаат.
Сите детали се на следниот линк:
https://skopje.gov.mk/media/12149/јавен-повик-субвенции-на-занаети.pdf
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…