Собранието ги усвои законите за нов заем од 25 милиони евра од Светска банка
Собранието по скратена постапка вечерва ги усвои законите за задолжување од 25 милиони евра кај Светска банка, со што се реструктуира претходната заемска рамка од 20 милиони евра. Новиот модел, фокусиран на „прво реформи, па пари“, вклучува рок на отплата од 12 години, три години грејс-период и реформи за модернизација на УЈП и управување со јавните финансии.
Со усвоениот Закон се предвидуваат средства за реформи во јавните финансии, отчетноста и даночната администрација, а со измените на претходниот закон се откажува неискористен дел од заем во износ од 19,2 милиони евра.
Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски изјави дека новата заемска рамка ја заменува досегашната од 20 милиони евра и треба да го забрза спроведувањето на реформите. „Од 25-те милиони евра, 23 милиони ќе се повлекуваат само по исполнување на однапред утврдени мерливи и проверливи резултати, додека два милиони се наменети за техничка помош и јакнење на институционалните капацитети“, рече Јанкуловски.
Опозицискиот пратеник од СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи оцени дека станува збор за проект што претходната влада веќе го подготвила, но сега ќе се реализира со повисока цена. „Ние планиравме тоа да го изведеме со 19 милиони евра, денес планирате истото да го реализирате со 23 милиони евра – односно околу 25 проценти повеќе… Нема ништо ново, освен што цената е за 25 проценти повисока“, рече Битиќи.
На седницата, Собранието ја усвои и Завршната сметка на Буџетот за 2025 година, како и измените на законите за задолжување поврзани со финансирањето на железничкиот Коридор 8.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крупиште и Уларци се сеќаваат на крвавиот…
-Четириесет и девет момчиња и мажи на…
Зошто дизелот е сè поскап од бензинот?
Прекините во снабдувањето, намалените залихи и силната…
Нафтата повторно подгрева страв од инфација: Брент…
Брент се тргува со околу 106,3 долари…
Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“
Со изведување докази предложени од одбраната денеска…
„На нашиот нов и прекрасен остров“: Трамп…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…