Уапсени петмина педофили во Србија: Се претставувале како девојчиња за да изнудуваат експлицитни снимки од деца
Пет лица се уапсени во Србија во рамки на продолжението на акцијата „Армагедон“, под сомнение за поседување и ширење детска порнографија.
По налог на обвинителството, уапсени се И. М. (52) од Белград, В. Л. (49) од Ваљево, Б. Л. (37) од Нови Сад, Д. О. (59) од Сремска Митровица и С. Ѓ. (24) од Ниш.
Осомничените отворале лажни профили претставувајќи се како 11 и 12-годишни девојчиња, преку кои стапувале во контакт со деца и барале од нив фотографии и видеа со сексуална содржина. Материјалите потоа ги разменувале преку апликацијата Телеграм и други платформи. При претресите, кај нив е пронајдена компјутерска опрема со спорни содржини.
Од српската полиција наведуваат дека случајот е дел од пошироката борба против педофилијата на интернет.
„Безбедноста на децата претставува апсолутен приоритет во работата на Службата за борба против високотехнолошки криминал, која по ваквите случаи постапува секојдневно, преку поединечни пријави и национални и меѓународни акции. Секоја пријава што укажува на можно загрозување на безбедноста на малолетниците се разгледува со највисок степен на итност“, наведуваат од надлежното министерство.
Од таму информираат дека во изминатите две години во Србија се уапсени 75 лица за слични дела во дигиталното опкружување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени петмина педофили во Србија: Се претставувале…
Пет лица се уапсени во Србија во…
Бугарин по расправија ја полил сопругата со…
Обвинителството во Бугарија поднесе обвинение против 48-годишен…
Собранието ги усвои законите за нов заем…
Собранието по скратена постапка вечерва ги усвои…
Грција масовно ги одбива шенгенските визи за…
Во јули, руските граѓани се соочија со…
Пожари како атомски бомби: Европа влегува во…
Огромните пожари што ги пустошат Франција и…