Џорџ и Амал Клуни евакуирани поради пожарите во Франција
Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа принудени да го напуштат својот дом во југоисточна Франција, откако разорни шумски пожари го зафатија подрачјето каде што живеат со своите деветгодишни близнаци, Ела и Александар.
Во писмо до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон, брачниот пар изрази страв дека не знае дали нивниот дом ќе ја преживее катастрофата. Тие порачаа дека, без оглед на исходот, ќе останат дел од локалната заедница и ќе помогнат во нејзината обнова.
Според Си-ен-ен, од областа Прованса-Алпи-Азурен Брег биле евакуирани околу 3.000 лица, додека во покраината Жиронда своите домови ги напуштиле околу 224.000 жители. Пожарите зафатиле површина четирипати поголема од Париз и сѐ уште не е ставени под контрола.
Џорџ и Амал Клуни најголемиот дел од годината го минуваат во Франција, каде што денес е нивното главно живеалиште. Кон крајот на 2025 година двајцата добија и француско државјанство.