(Видео) Илјадници Мароканци препливаа до Шпанија, градот Сеута бара да се прогласи вонредна состојба
Илјадници мигранти од Мароко вчера масовно влегоа во шпанската територија Сеута во Северна Африка, по што локалните власти побараа од Шпанија да прогласи вонредна состојба, објави „Ел фаро де Сеута“.
Здружението на припадници на шпанската цивилна гарда (ЈУЦИЛ) се пожали дека немаат доволно кадар и ресурси да се справат со ситуацијата и побара од Владата да ја испрати армијата за да воспостави контрола врз границата.
Организацијата тврди дека градот се соочува со „невидена“ безбедносна и хуманитарна криза и смета дека власта ги оставила „без поддршка“ жителите на Сеута.
Според здружението, во изминатите денови во градот влегле повеќе од 5.000 луѓе, што, како што тврдат, целосно ги надминало капацитетите на службите за безбедност и итни случаи.
Недоволно кадар и ресурси
ЈУЦИЛ наведува дека цивилната гарда во Сеута има околу 550 припадници, што не е доволно за да можат да се справат со актуелниот мигрантски притисок.
Тие додаваат дека во последните денови, мигрантскиот притисок главно се префрлил на морето, особено кај плажата Тарахал.
Доколку досега дневно биле пресретнувани меѓу 100 и 200 луѓе, од здружението тврдат дека бројката се зголемила „50 пати“, поради што речиси сите ресурси мора да бидат насочени кон спасувачки и кон хуманитарни активности.
ЈУЦИЛ предупредува и на состојбата со опремата со која работи цивилната гарда.
Според здружението, Поморската служба работи со недоволен број пловила, од кои голем дел се расипани и не ја гарантираат безбедноста на припадниците.
Тие се жалат и на недостигот од соодветни возила, поради што понекогаш се користат големи возила кои, според нив, не се практични за секојдневно надгледување и за брза реакција на границата.
Здружението предупредува на колапс на градот
Организацијата смета дека мигрантскиот притисок ја довел Сеута до критична состојба.
Како една од последиците го наведува и преполнувањето на Центарот за привремен престој на имигранти (ЦЕТИ), кој, според нив, веќе неколку дена значително го надминува својот капацитет.
Тие предупредуваат и на недостигот од доволно резерви на храна во градот, зголемување на кражбите во домовите и од ризикот од напади врз супермаркети доколку ситуацијата продолжи.
ЈУЦИЛ нагласува дека приоритет на цивилната гарда и понатаму е спасувањето животи.
Сепак, предупредува дека големиот број спасувачки операции го намалува капацитетот за борба против шверцот на дрога и другите криминални активности, што го сметаат за дополнителен ризик за безбедноста на јужната граница.
Здружението потсетува и дека оваа година 30 луѓе загинале во обид по морски пат да стигнат до Сеута, што, според нив, ја покажува крајната опасност на овие патувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Илјадници Мароканци препливаа до Шпанија, градот…
Илјадници мигранти од Мароко вчера масовно влегоа…
Инцидент во Скопје: Фрлил марихуана, па нападнал…
Ноќеска во 01:30 часот на ул.„Индира Ганди“…
Евростат: Македонија со најнизок животен стандард во…
Според податоци што ги објави Евростат Македонија…
Во август може да гори цела Европа,…
ЕУ предупреди дека зголемениот ризик од шумски…
Македонија влегува во период на пеколни горештини:…
Македонија ја зафаќа нов топлотен бран под…