„ChatGPT“ и „Roblox“ наскоро под построг надзор од ЕУ

t

„ChatGPT“ и „Roblox“ наскоро би можеле да бидат подложени на построги правила за контрола и надзор во рамките на регулативите на Европската Унија за онлајн содржини, откако го надминале прагот од 45 милиони месечни корисници, објави „Bloomberg“ во петокот.

Според американски медиуми, Европската комисија ќе ги класифицира овие две американски технолошки компании како „многу големи онлајн платформи“ (VLOP) согласно европскиот Закон за дигитални услуги (DSA).

Извори запознаени со процесот наведуваат дека тоа би можело да се случи веќе во август.

Законот за дигитални услуги (DSA) бара од сите социјални мрежи и интернет-пребарувачи да преземаат мерки против незаконска и штетна содржина на нивните платформи.

Компаниите класифицирани како VLOP, меѓу кои се и „Meta“ и „X“, имаат обврска да поднесуваат извештаи за транспарентност, детално да ги опишуваат плановите за намалување на ризиците и да плаќаат годишен надомест на Европската комисија.

Казни

Компаниите кои го прекршуваат Законот за дигитални услуги (DSA) може да бидат казнети со глоба до 6 отсто од нивниот годишен приход на глобално ниво.

Портпаролка на Европската комисија одбила да го коментира случајот, додека „OpenAI“ и „Roblox“ не одговориле на барањата на „Bloomberg“ за коментар во врска со информациите.

Извор: Блумберг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ChatGPT“ и „Roblox“ наскоро под построг надзор…

„ChatGPT“ и „Roblox“ наскоро би можеле да…