Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна – внимавајте што јадете
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење.
Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), за да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при набавката, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување, како и да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и за складирањето.
Се препорачува да се купува храна од проверени местам во кои производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, се чуваат во разладни уреди.
– Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени, а храната што треба да се зготви термички да се обработи на температура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодачи и од домашните миленичиња и другите животни, кои може да дојдат во контакт со неа – се само некои од препораките на АХВ.
Ако се јаде во угостителските објекти, АХВ укажува тоа да бидат оператори со храна што водат сметка за хигиената и за безбедноста на храната и кои имаат добра репутација.
– Во објектите за брза храна избегнувајте ги додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи… Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја – истакнуваат од АХВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење…
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое…
Владата ќе ги опомени трговците што се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…
Храната речиси и да не поскапела од…
Цените на основните прехранбени производи во просек…
Србија ќе го ограничи извозот на храна…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Германија разгледува укинување на ДДВ за храна,…
Поради зголемувањето на цените на горивата, расте…