Мерц побара од Шпанија да ја обезбеди надворешната граница на ЕУ по пристигнувањето на мигрантите во Сеута
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Шпанија брзо да ја врати контролата врз ситуацијата во Сеута откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанска територија од Мароко, јави ДПА.
„Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна во борбата против нелегалната миграција“, рече германскиот конзервативен канцелар.
Тој, исто така, го повика Мароко „веднаш да ги прими назад нелегалните мигранти“, пренесе германската агенција.
Коментарите на Мерц дојдоа откако шпанските медиуми објавија дека речиси 50.000 мигранти нерегуларно преминале од Мароко во шпанската северноафриканска територија Сеута во текот на изминатите неколку дена, предизвикувајќи политичка дебата во ЕУ за безбедноста на границите.
Мерц рече дека ја поздравува наведената намера на Мадрид да ги спречи мигрантите да патуваат понатаму кон континентална Европа, каде што Франција веќе објави нови безбедносни мерки по должината на својата граница со Шпанија.
Франциска Хоперман, новоназначената генерална секретарка на Христијанските демократи на Мерц, исто така, предупреди да не се изгуби контролата врз надворешната граница на ЕУ.
„Нелегалната миграција ја загрозува нашата земја и нашето општество. Не смее да има губење на контролата на границите“, изјави Хоперман за ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…
Црна Гора нема да ги затвори преговорите…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…
Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…
Не треба да се мешаат билатералните прашања…