Објавено на:

Целосно се реконструира мостот „Естакада“ во Гази Баба

t

Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти Град Скопје.

Мостот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје.

Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт.

„Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и вградување два нови асфалтни слоја. И самиот мост ќе биде обновен со нов асфалтен слој. Дополнително, се врши замена на рабниците и капаците на шахтите, се изработуваат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе се чисти, санира и бојадисува. Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри“, информираат од Градот.

Со оваа интервенција се вложува во безбедноста, подобрата поврзаност и поквалитетното секојдневие на илјадници граѓани. Најавуваат дека ќе продолжат со санација на сите мостови во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на МВР, се апси за…

На дваесетина локации МВР денеска извршува претреси,…

Дизелот во САД постави историски рекорд –…

Дизелот во САД постави историски рекорд –…

Четири активни пожари низ Македонија, под контрола…

На ден 11.09.2026 година, до 13:00 часот,…

Ѓорѓиевски: Започна изградбата на нов парк од…

Нов парк со површина од 71.000 квадратни…

Џабе затвораме, кога има судии кои ги…

Големо разочарување, и за мене, и за…