Зеленски: Украина собори само еден руски балистички проектил, бидејќи не поседува пресретнувачки ракети „Патриот“
Украина собори само една од 27 руски балистички ракети за време на денешниот голем руски напад, бидејќи земјата нема пресретнувачки ракети, што се користат за американските противвоздушни системи „Патриот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој наведе дека Русија истрелала вкупно 35 ракети, од кои 27 балистички и 185 беспилотни летала врз Киев и регионите на Дњепропетровск, Суми, Харков и Полтава.
Според Зеленски, украинската армија соборила само една руска балистичка ракета „Искендер-М“, една крстосувачка ракета воздух-земја „Х-59/69“ и 154 беспилотни летала. Додека три руски ракети не успеале да погодат цели.
Главна цел на руските напади утрово беше главниот град на Украина, Киев, при што загинаа најмалку девет луѓе, а 28 се повредени.
– Девет лица загинаа во главниот град како резултат на непријателскиот напад. Дваесет и осум жители на Киев беа повредени, меѓу кои четири деца. Седумнаесет од повредените се лекуваат во болници. Останатите добија медицинска помош, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Во русиот напад во Киев оштетени се станбени блокови и приватни домови, училиште, супермаркети, автомобили и други објекти.
Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на минатиот месец најави дека планира да ѝ овозможи на Украина да произведува пресретнувачки ракети за „Патриот“.
На 28 јули Зеленски на средбата со Трамп во Белата куќа побара лиценца за производство на пресретнувачки ракети „Патриот“.
Но, Трамп вчера, изјави дека не е сигурен дали ќе ѝ дозволи на Украина да произведува пресретнувачки ракети земја-воздух.
– Тоа е навистина исклучително оружје и треба да бидеме малку повнимателни кому му даваме лиценца. Всушност, ние не издаваме лиценци за таа опрема, истакна Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…