Хаос на граничните премини „Дојран“ и „Богородица“: За 24 часа поминале над 14 илјади луѓе

t

Преку граничните премини „Дојран” и „Богородица” во изминатите 24 часа од земјава излегле  речиси 15.000 лица, а влегле 14.205 патници.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле 11.905 лица, додека приближно ист број патници влегле во државата. На преминот „Дојран“ излегле околу 3.000 лица, а влегле околу 2.300.

– На граничниот премин „Богородица” од вчера од 12 часот до денес во истото време влез во државата оствариле 1.910 македонски државјани, а излез оствариле 6.884 граѓани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 8.863, а ја напуштиле нашата држава 5.021 лице. Додека на граничниот премин „Дојран” во истиот временски период влез во државата оствариле 461, а излез – 2.074 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период влез во нашата држава оствариле 1.847, а ја напуштиле нашата држава 995 лица- информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крупиште и Уларци се сеќаваат на крвавиот…

-Четириесет и девет момчиња и мажи на…

Зошто дизелот е сè поскап од бензинот?

Прекините во снабдувањето, намалените залихи и силната…

Нафтата повторно подгрева страв од инфација: Брент…

Брент се тргува со околу 106,3 долари…

Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“

Со изведување докази предложени од одбраната денеска…

„На нашиот нов и прекрасен остров“: Трамп…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…