Кувајт соопшти дека ирански дронови гаѓале витални објекти
Кувајт денеска соопшти дека пресретнал повеќе дронови лансирани од Иран, што е најнов од серијата напади насочени кон оваа заливска земја, сојузник на САД, за време на војната на Блискиот Исток.
Кувајтската армија соопшти дека од утрово детектирала „непријателски“ дронови во воздушниот простор на земјата и за нападот го обвини Иран.
– Гнасната иранска агресија беше насочена кон повеќе витални објекти, вклучително и владин објект во северниот дел на земјата – изјави портпаролот на кувајтското Министерство за одбрана.
Нападот исто така погодил возила на цивилна компанија на островот Бубијан во североисточниот дел на Кувајт, додаде тој во изјавата објавена на интернет.
Остатоци од пресретнатите проектили предизвикале материјална штета, но нема жртви, се наведува во соопштението.
Кувајт и другите заливски земји во кои се стационирани американски воени објекти повеќепати се цел на ирански напади откако избувна војната со Иран кон крајот на февруари.
Кувајт во четвртокот соопшти дека еден работник загинал откако во ирански напад била погодена зграда на кинеска фирма во северниот дел од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…