Голем пресврт и победа за македонските јуниори против Исланд
Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Европското првенство во Дивизијата „Б“, кое се одржува во Хрватска.
Избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ во натпреварот за пласман од 13 до 16 место го совладаа Исланд со 86-74 и стигнаа до вториот триумф на шампионатот.
Македонските кошаркари лошо го започнаа натпреварот и првата четвртина ја загубија со убедливи 9-25. Сепак, во вториот период следуваше голем пресврт. „Црвено-жолтите“ заиграа многу подобро, ја добија четвртината со 35-12 и на пауза заминаа со предност од седум поени (44-37).
Во третата четвртина Исланд повторно беше подобар и ја намали негативата, па пред последните 10 минути Македонија имаше минимална предност од 60-59.
Клучниот период започна при резултат 65-65, но македонските јуниори со две серии успеаја да се одвојат и до крајот да ја обезбедат победата со двоцифрена разлика.
Најефикасен во македонскиот состав беше Григориј Ѓорѓевиќ со 18 поени, додека Ѓорѓи Цветковски постигна 17.
Со оваа победа Македонија ќе се бори за 13. место на Европското првенство. Последниот натпревар е закажан за утре од 11:30 часот, а противник ќе биде Велика Британија, која денеска го совлада Азербејџан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…