Апасиев и делегација на Левица оддадоа почит на местото на Првото заседание на АСНОМ

t

По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ), делегација на Левица предводена од претседателот на партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членката на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Од Левица потсетија дека токму на ова место, на 2 август 1944 година, било одржано Првото заседание на АСНОМ, кое го нарекуваат Втор Илинден и правен, политички и морален темел на современата македонска држава.

„АСНОМ е правниот, политичкиот и моралниот извор на современата македонска држава. Врвна политичка и револуционерна синтеза на вековната борба на македонскиот народ“, наведоа од партијата.

Во соопштението Левица упати критики кон политиките на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека во изминатите децении ја обезличиле асномската идеја преку, како што велат, политики на отстапки и отсуство на визија.

Од партијата нагласија дека АСНОМ претставува темел врз кој се гради државноста и дека македонскиот јазик, историја и национален идентитет не треба да бидат предмет на политички условувања.

„АСНОМ не нè задолжи само да паметиме, туку и да продолжиме. Затоа Левица ќе продолжи да го носи знамето на асномците како жива политичка обврска“, порачаа од партијата.

Во соопштението се додава дека партијата ќе продолжи да се залага за, како што наведуваат, зачувување на идеалите на АСНОМ и обединување околу слободата и создавањето на Републиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев и делегација на Левица оддадоа почит…

По повод 82 години од Првото заседание…

Пожарникарите се борат со пет активни пожари…

На ден 02.08.2026 година, до 13:00 часот,…

УЕФА до Инфантино: Поднеси оставка или ќе…

Европската фудбалска унија (УЕФА) му постави ултиматум…

МЗ: Нема нови случаи со западнонилска треска,…

Не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи…

(Видео) Скара во објект во ТЦ Лептокарија…

Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео…