Приведена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители на Куклица
Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово.
Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле посетители на локалитетот.
По насоки на јавен обвинител, таа била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведена 41-годишна жена од Кратово поради напад…
Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако,…
Жител на Кратово алармира: Туристи плаќале и…
Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава…
Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…
Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…
Млада жена повредена додека работела во фабрика…
25-годишна жена од Кратово се здобила со…
Едно лице загина, а две се тешко…
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи…