Објавено на:

Умеров е нов шеф на украинската Надворешна разузнавачка служба

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека досегашниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО), Рустем Умеров, ќе биде именуван за нов директор на украинската Надворешна разузнавачка служба, додека поранешниот министер за внатрешни работи Игор Клименко ќе ја преземе функцијата секретар на СНБО.

Зеленски, како што јавија локалните медиуми, промените на челото на безбедносните институции ги најави за време на обраќањето на состанокот со раководителите на украинските дипломатски претставништва во странство. Тој посочи дека Умеров во иднина ќе ги координира активностите поврзани со меѓународните одбранбени договори, вклучително и договорите за соработка во областа на беспилотните летала, како и прашањата од дипломатијата и одбраната.

– За да има повеќе можности да се занимава токму со тие прашања – истовремено со дипломатијата, одбраната, преговорите со Соединетите Американски Држави и другите партнери, како и со преговорите за завршување на војната – Умеров ќе биде именуван за раководител на Надворешната разузнавачка служба на Украина – рече Зеленски.

Украинскиот претседател објасни дека договорите во врска со дроновите не претставуваат само договори за извоз или набавка на поединечни видови беспилотни летала, туку поширок модел на соработка што ги поврзува украинските искуства од војната со одбранбените капацитети на партнерските земји.

Истовремено, Зеленски соопшти дека поранешниот министер за внатрешни работи Игор Клименко станува нов секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

– Врз основа на оваа анализа ќе ги утврдиме задачите во областа на надворешните односи на нашата држава. Нов секретар на СНБО ќе биде Игор Клименко. Тој има исклучително вредно искуство во координацијата на активностите во областа на безбедноста, како и во работата од минатата зима насочена кон обезбедување стабилност и помош за нашите граѓани – изјави Зеленски.

Промените во раководството на клучните украински безбедносни структури доаѓаат во момент кога Киев настојува да ја прошири воената и дипломатската соработка со сојузниците и да обезбеди долгорочна поддршка за одбранбениот сектор за време на војната со Русија, коментираат локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Умеров е нов шеф на украинската Надворешна…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти…

Клучен логистички комплекс на рускиот „Вајлдберис“ е…

Денес, украински беспилотни летала нападнаа уште еден…

Украина погоди цели длабоко во Русија, дронови…

Најмалку осум луѓе се убиени во напади…

Зеленски: Украина собори само еден руски балистички…

Украина собори само една од 27 руски…

(Видео) Најмалку 9 лица загинаа во руски…

Девет лица загинаа, а најмалку 30 други…