Иран го демантираше Трамп: Нема нови преговори со САД
Иран ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе започнат нови преговори меѓу Техеран и Вашингтон, јавува Би-би-си.
Трамп, говорејќи во претседателскиот авион „Ер Форс 1“, изјави дека Иран бил запознаен со подготовките за, како што рече, „масовен напад“, кој подоцна бил откажан.
„Разговараме со нив во форма на преговори. Тие започнуваат утре попладне“, изјави Трамп.
Претходно, на својата платформа Truth Social, американскиот претседател тврдеше дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале од него да почека со нападите, бидејќи веќе биле договорени рамките на можен договор.
Сепак, иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека нема никакви преговори со САД, ниту, пак, постојат планови за нивно одржување.
Портпаролот на Министерството, Есмаил Багаеи, изјави дека Иран во моментов разговара со Оман за постигнување разбирање околу безбедноста на пловниот пат низ Ормускиот Теснец.
Досегашните разговори меѓу САД и Иран се одвиваа со посредство на трети страни.
Трамп и претходно неколкупати тврдеше дека е близу до договор за прекин на конфликтот, но по тие најави следуваше нова ескалација на меѓусебните напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…
Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…
Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…
Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…
Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…
Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…
Црното море станува се поопасно за трговските…
Нападите со дронови врз трговски бродови во…
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…