За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно управување
Во текот на изминатиот викенд, од 31 јули до 3 август, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 34 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 23 од приведените управувале возило без возачка дозвола, деветмина биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, додека едно лице било фатено како вози без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
По целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР повторно апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без возачка дозвола или доколку им е изречена забрана за управување, како и никогаш да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол, нагласувајќи дека одговорното однесување е клучно за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…
Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…
Игор Ивановски, Андреј Петров и поранешните функционери…
Почнувајќи од следната недела, пред лидерот на…
Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Од утре врнежи од дожд, од недела…
Под влијание на циклонска активност времето утре…