ДЗС: Три цистерни со вода денеска се ставени на располагање на граѓаните во Гостивар
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека и денеска продолжува снабдувањето на граѓаните на Гостивар со вода преку цистерни, бидејќи водата од водоводниот систем сѐ уште не е безбедна за пиење.
Според Ангелов, на терен се ангажирани три цистерни со вода – една од Територијалната противпожарна единица Гостивар, една од „Бехтел и Енка“ и една од Општина Боговиње. До попладневните часови тие веќе извршиле по две дистрибуции, а до крајот на денот се планирани уште по два турнуса.
Тој посочи дека дистрибуцијата се одвива во координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар.
Ангелов нагласи дека состојбата со водата засега останува непроменета. Во дел од примероците анализирани од Институтот за јавно здравје и понатаму се детектирани бактерии, поради што водата не смее да се користи за пиење.
Според него, водата може да се употребува за технички потреби, додека процесот на хиперхлорирање продолжува. Тој изрази очекување дека водата наскоро ќе биде прогласена за безбедна за употреба.
Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна. Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 84 први прегледи во здравствените установи, што е за 27 повеќе од претходниот ден, кога биле евидентирани 57 прегледи.
И покрај дневното зголемување, од Министерството нагласуваат дека бројот на пациенти е значително помал во споредба со најкритичниот период. За потсетување, на 18 јули биле регистрирани дури 649 први прегледи во текот на еден ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: Три цистерни со вода денеска се…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
(Видео) Романија минира дел од Дунав за…
Романската армија започна операција за минирање карпи…
За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно…
Во текот на изминатиот викенд, од 31…
Фон дер Лајен го пофали Санчез за…
Урсула фон дер Лајен го пофали Педро…
Во Црна гора за викендот влегле повеќе…
Во текот на изминатиот викенд, на граничните…