Колапс на Евзони: километарски колони и часови чекање на жештина од 42 степени
Граничниот премин Евзони повторно е под силен притисок поради големиот број туристи кои патуваат кон грчките летувалишта. Според снимките и информациите од терен, колоните возила се долги неколку километри, а чекањето трае со часови.
Покрај зголемениот број возила, ситуацијата дополнително ја усложнува екстремната горештина. Во делови од Грција температурата достигнува до 42 степени Целзиусови, а надлежните предупредуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик за патниците кои подолго време остануваат во колони.
Според информациите, големиот метеж е дополнително влошен поради предупредувачки штрајк на грчките царински службеници, што го забавува протокот на возила на граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција. Во одредени периоди патничките возила биле пропуштани во интервали, додека товарниот сообраќај бил привремено запрен.
Туристичките организации им препорачуваат на патниците редовно да ја следат состојбата на граничните премини и, доколку е можно, да патуваат во часови кога сообраќајниот метеж е помал. Во услови на екстремни горештини се советува патниците да имаат доволно вода, да избегнуваат долго изложување на сонце и да прават почести паузи.
Слични гужви се очекуваат и во наредните денови поради шпицот на туристичката сезона, кога десетици илјади патници секојдневно се упатуваат кон грчкото крајбрежје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колапс на Евзони: километарски колони и часови…
Граничниот премин Евзони повторно е под силен…
Трамп со остри критики: Иранското раководство е…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики…
Кривична постапка против четворицата пукачи од гостиварско
По поднесена кривична пријава од МВР, Основното…
270.000 луѓе се отселиле од Израел во…
Во последните три години, околу 268.000 жители…
Црн чад над Прилеп, гори под Маркови…
Пожар попладнево избувна во подножјето на Маркови…