Приведен 50-годишник, пијан пешачел по автопатот Гостивар–Тетово
Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар–Тетово.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил откриен денеска околу 2:30 часот кај клучката „Тучевиште“, каде полициски службеници забележале пешак на коловозот.
Станува збор за О.А. (50) од селото Неготино, кај кого со алкотест биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.
Според МВР, при преземањето на службените дејствија тој ги омаловажувал полициските службеници, поради што бил задржан во полициска станица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Двоглав орел поставен на врвот на Кораб
На социјалните мрежи се појави фотографија од…
Пензиите ќе се зголемат законски за 3…
На една недела пред да заврши месецов…
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…