„Еј-би-си њуз“: Трамп седум пати се закани со напад врз Иран, па се повлече
мериканскиот претседател Доналд Трамп најмалку седум пати јавно се заканил со напади врз иранска цивилна и енергетска инфраструктура, а потоа ги одложил или откажал во надеж дека ќе ги поттикне преговорите со Техеран, објави „Еј-би-си њуз“.
Последниот таков случај беше во саботата, кога Трамп соопшти дека се откажува од напад врз иранската енергетска инфраструктура. Истовремено предупреди дека САД и натаму се подготвени за воена акција доколку не се постигне договор.
Според „Еј-би-си њуз“, од март наваму Трамп повеќепати најавувал напади врз Иран, а потоа ги одложувал поради тековни разговори или барања од посредници. Иран, пак, во повеќе наврати негираше дека води директни преговори со САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
73-годишник од Крива Паланка осомничен дека силувал…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…
Рации на над 60 локации низ Македонија,…
По координираната акција изминативе два дена во…
Масовен украински напад со над 1.000 дронови…
Украина започнала масовен воздушен напад врз Русија…
Тројца турски државјани осомничени за обид за…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Во протестите во Тирана 272 повредени, а…
Вкупниот број повредени во протестите во Тирана…