(Видео) Руски дрон нападна и повреди продавач на пазар во Херсон
На социјалните мрежи се појави видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога руски оператор на беспилотно летало буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук на улица.
Во 6:30 часот наутро, во населба која локалните власти ја сметале за релативно безбедна, руски FPV-дрон се пушти во лов на цивил на пазар во украинскиот град Херсон. Цел на нападот бил 52-годишниот продавач Јури.
Станува збор за FPV (First Person View) дрон, со кој операторот во реално време ја следи целта преку камера, што значи дека јасно може да види кого напаѓа.
Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезгата и белото комбе, додека несреќниот продавач очајно се обидува да го избегне леталото.
Операторот на беспилотното летало го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да го детонира.
Токму поради тоа, украинските власти и бројни меѓународни организации ваквите напади ги оценуваат како намерно таргетирање цивили.
Според меѓународното хуманитарно право, директните напади врз цивилно население претставуваат воено злосторство, а доколку се дел од систематска и широко распространета практика, можат да се квалификуваат и како злосторства против човештвото.
Продавачот на зеленчук од Херсон, кој беше ранет во нападот со руски дрон, сведочеше за моментите кога беспилотното летало го следеше и нападна додека го подготвуваше својот штанд на пазарот.
Педесет и двегодишниот Јуриј изјави дека заедно со сопругата го ределе зеленчукот за продажба кога го слушнале ѕуењето на дрон што им се приближувал.
-Почнавме да го подготвуваме штандот. Го слушнавме ѕуењето, но не можевме да го видиме. Долетуваше ниско, од зад пазарот – раскажува Јуриј.
Кога неговата сопруга побегнала, дронот се насочил кон него.
Тој вели дека се обидел да му покаже на операторот дека е цивил и дека продава само зеленчук.
-Во рацете држев лук и му го покажував за да види дека не сум закана. На земјата имаше домати, краставици и модри патлиџани. Но, дронот сепак тргна кон мене и јас почнав да бегам – изјави тој.
Според неговото сведочење, дронот го погодил комбето покрај кое стоел, но од силината на експлозијата бил оттурнат на земја и се здобил со повеќе повреди.
Јуриј има рани од шрапнели по трупот и рацете, повреди на ушите од експлозијата и бројни набиеници по телото.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша овој напад како „лов со дронови врз цивили“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…