Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната
Франција од почетокот на сезоната регистрирала околу 14.000 пожари, а безбедносните служби привеле повеќе од 400 лица поради намерно или ненамерно предизвикување пожари – соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез.
Како што пренесе телевизијата БФМТВ (BFMTV), Нуњез посочи дека од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле 402 лица поради пожари кои биле намерно предизвикани или избувнале поради невнимание.
Меѓу приведените има 156 малолетници, додека 36 лица се задржани во притвор.
Пожарите во департманите Жиронда и Од се ставени под контрола, додека во департманот Вар пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија.
Во гаснењето и натаму учествуваат 1.250 пожарникари, со поддршка од два авиона „Канадер“ и два хеликоптера за гаснење пожари.
Предупредувањето за опасност од пожари во департманот Жиронда денеска е намалено од највисокото, црвено, на портокалово ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отстранети се сите диви тезги: Спроведена вонредна…
Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби…
Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата…
Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на…
Иран соопшти дека денеска очекува одговор од…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Нов удар за глобалниот пазар на гас:…
Глобалната енергетска криза влегува во нова, чувствителна…
Бугарија ЕУ шампион во поскапувањето на дизел…
„Евростат“ објави дека во август 2026 година…