Четворица избодени со нож во Ковент Гарден во Лондон, уапсена 47-годишна жена
Четири лица се повредени во напад со нож што се случи денеска во лондонската населба Ковент Гарден, а полицијата уапси 47-годишна жена осомничена за напад и поседување офанзивно оружје, пренесе „Си-ен-ен“.
Според лондонската Метрополитен полиција, повредените се четворица мажи на возраст од 34, 39, 42 и 52 години. Сите биле пренесени во болница на лекување.
Осомничената е приведена и останува во полициски притвор додека трае истрагата.
Од полицијата соопштија дека, според првичните сознанија, станува збор за инцидент поврзан со менталното здравје и дека засега нема индиции за поширока закана за јавната безбедност.
Нападот се случил на улицата Ендел, во близина на Ковент Гарден – една од најпосетуваните туристички и трговски зони во центарот на Лондон, позната по театрите, рестораните, луксузните продавници и Кралската опера.
Лондонската служба за итна медицинска помош соопшти дека повикот за нападот бил примен во 12.29 часот по локално време.
На местото биле испратени екипи на брза помош, болничар со возило за брза интервенција, службеник за одговор при инциденти, како и воздушната амбуланта на Лондон.
Четворицата повредени биле згрижени на местото на настанот, по што како итни случаи биле пренесени во специјализиран трауматски центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица избодени со нож во Ковент Гарден…
Четири лица се повредени во напад со…
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана со барање…
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана поднесе официјално…
Србинот кој ќе испаднеше од авион тужи…
Случајот со српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој…
Перински најавува засилени контроли, под лупа лекувањата…
Новиот директор на Фондот за здравствено осигурување…
„Блумберг“: Поранешни европски и руски функционери тајно…
Поранешни високи функционери од Велика Британија, Франција…