Инфантино му го нуди на Мароко финалето на Светското првенство во 2030 година?
Мароко е сè поблиску до тоа да биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година, откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно ја поддржал идејата решавачкиот натпревар да се одигра на новиот стадион „Хасан II“ во Казабланка.
Според британскиот „Тајмс“, Инфантино го разгледува овој предлог во период кога се соочува со сè поголем притисок и намалена поддршка за неговата кандидатура за нов претседателски мандат. Изданието наведува дека ваквиот потег би можел да има и политичка позадина, бидејќи Мароко во последните години стана еден од неговите најсилни сојузници.
Новиот стадион „Хасан II“, кој сè уште е во изградба, ќе има капацитет од околу 115.000 гледачи и би бил најголемиот стадион меѓу земјите-домаќини на Мундијалот во 2030 година. Доколку биде избран, Казабланка ќе ја добие предноста пред Мадрид, кој досега важеше за фаворит финалето да се игра на „Сантијаго Бернабеу“.
Мароко воедно ќе биде домаќин и на следниот Конгрес на ФИФА, каде што во март 2027 година ќе се одржат претседателските избори. Според „Тајмс“, поддршката од мароканската федерација би можела да биде од големо значење за Инфантино во време кога се соочува со растечки отпор од дел од националните федерации.
Во меѓувреме, првиот човек на ФИФА продолжува да се брани од критиките поврзани со неговиот контроверзен план за продажба на дел од идните приходи од Светските првенства на приватни инвеститори. Иницијативата беше повлечена по силните реакции од бројни федерации и фудбалски функционери, а во јавноста сè почесто се поставува прашањето дали Инфантино ќе успее да обезбеди уште еден мандат на чело на светската фудбалска организација.
ФИФА засега официјално не донела одлука каде ќе се игра финалето на Светското првенство во 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп повтори дека Путин сака мировен договор,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави…
На 57 годишен Охриѓанец му се превртело…
На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС…
Зеленски жестоко му возврати на Трамп: „Не…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директна критика…
Фицо: Наскоро ќе точите скап американски дизел…
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше…
Шест полицајци ќе бидат суспендирани поради наводни…
Шест полициски службеници ќе се соочат со…