10 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица

t

Скопје денеска одбележува десет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…

Слаб земјотрес вечерва во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…

Силна бура и поплави го погодија Чиле

Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…

Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје

На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…