ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен

t

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатото деноноќие, до 07:30 часот утринава. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Таму гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е пожарот во општина Делчево, во близина на градската депонија.

Во текот на изминатите 24 часа изгаснати се вкупно 18 пожари, при што горела ниска вегетација, отпад, дива депонија, стрништа, грмушки, но и шумски површини.

Пожари се регистрирани во повеќе општини, меѓу кои Карпош, Петровец, Бутел, Битола, Богданци, Прилеп, Долнени, Кавадарци, Неготино, Виница, Зрновци, Липково, Кратово, Ранковце, Желино, Теарце и Гостивар.

Најчесто горела ниска вегетација, додека во дел од случаите биле зафатени отпад, диви депонии, стрништа и шумски површини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…

Вкупно 20 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…

Вкупно 22 пожари на отворен простор се…

Активни се 2 пожари, а 27 се…

До 7:30 часот утрово на територијата на…

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…

До 13 часот денеска на територијата на…

Шумските пожари ја чинат Шпанија три милијарди…

Со стотици пожарникари распоредени во Мадрид, Авила…