Просечна оценка од државната матура е 3,66, Јаневска е задоволна

t

Просечната оценка од полагањето на матурата во јунската испитна сесија изнесува 3,66, гледано за сите три типа матура. Резултатите денеска на прес-конференција ги соопштија министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска. Станува збор за конечни резултати по разгледувањето на поднесените приговори.

Оваа година за првпат матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Просечната оценка кај државната матура е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, а кај државната уметничка матура 3,59.

Министерката Јаневска оцени дека е задоволна од постигнатиот просек, кој, како што посочи, е речиси на исто ниво со минатогодишниот. Во 2025 година просечната оценка била 3,69, додека во 2024 година изнесувала 3,26.

„Ценам дека ова се објективни резултати поради подготвеноста на сите вклучени во организирањето на матурата“, изјави Јаневска.

За полагање на екстерните испити во јунската испитна сесија биле пријавени повеќе од 14.500 ученици кои го завршиле средното образование во учебната 2025/2026 година. Матурантите полагаа два екстерни испити – задолжителен испит по мајчин јазик и уште еден предмет по избор.

Испитите се одржаа на 6 и на 11, односно 12 јуни.

Од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 биле пријавени за државна матура, 2.276 за државна стручна матура, а 127 ученици за државна уметничка матура. На полагањето не се појавиле 348 пријавени ученици, односно 2,39 проценти од вкупниот број.

Гимназијалците полагаа исклучиво државна матура. Според новата концепција, државната матура можеле да ја изберат и учениците од стручните и уметничките училишта, кои имаа можност да се определат меѓу државна матура и стручна, односно уметничка матура.

За државната матура учениците полагаа тест по странски јазик или математика. На располагање им биле англиски, француски, германски, руски и италијански јазик.

Матурантите кои полагаа државна стручна матура имаа можност да изберат меѓу англиски јазик и математика, додека кај државната уметничка матура изборот беше меѓу англиски јазик и историја.

Како и во претходните години, англискиот јазик бил убедливо најизбран предмет за екстерниот испит. Го полагале 13.208 ученици. Останатите четири странски јазици биле достапни како избор само за учениците кои полагале државна матура.

За секој предмет и за секој од трите типа матура биле изработени посебни испитни програми. Врз основа на нив биле подготвени и испитните прашања, кои се темелеле на наставните програми по кои учениците ја следеле наставата во текот на четиригодишното средно образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечна оценка од државната матура е 3,66,…

Просечната оценка од полагањето на матурата во…

Јаневска најави можно затворање на универзитети во…

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…

Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…

Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…

Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…

По скратена постапка денес во Собранието беа…

Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…