Расправија во угостителски објект во Тетово: Вработен со остар предмет повредил гостин
Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откако, според пријавата, по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица.
Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу него и А.Ј. (53) од Тетово. Во текот на расправијата, Л.М. со остар предмет му нанел повреда на раката на 53-годишникот.
Л.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Од утре врнежи од дожд, од недела…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Септемвриските пензии ќе се зголемат за три…
Ова значи дека конечниот износ, односно висината…
Станковиќ: Филипче не го претставува членството на…
Остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко…
Руте: НАТО има планови за одговор на…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…