Објавено на:

Зеленски за првпат патува во посета на Србија на 8 август

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да патува во официјална посета на Србија на 8 август, потврди висок украински функционер за медиумот „Киев индепендент“. Ова ќе биде негово прво патување во Белград од почетокот на руската инвазија на Украина, во период кога српските власти сè уште се обидуваат да одржат дипломатска рамнотежа меѓу традиционалните врски со Русија и европските интеграции.

Посетата на украинскиот шеф на државата доаѓа по повеќемесечни дипломатски контакти и средби на меѓународни форуми. Србија е една од ретките европски земји што одби да воведе санкции кон Руската Федерација по започнувањето на агресијата во 2022 година, но во исто време во неколку наврати го поддржа територијалниот интегритет на Украина низ резолуции во Обединетите нации.

Односите меѓу Киев и Белград во изминатиот период се одвиваат во специфичен контекст. Српскиот претседател Александар Вучиќ и Зеленски претходно се имаат сретнато на неколку меѓународни самити, но досега не беше реализирана билатерална посета на ова ниво на српско тло.

Иако Белград официјално одржува неутрален став кон конфликтот, во меѓународните медиуми периодично се појавуваа извештаи за можно индиректно извезување на српска муниција кон Украина преку трети земји. Властите во Србија ги демантираа директните испораки, но не исклучија дека произведеното оружје може да заврши на военото поле преку приватни трговци.

Посетата на 8 август се очекува да го опфати широкиот спектар на билатерални односи, прашањата за регионалната безбедност, како и можностите за хуманитарна и економска соработка во услови на воена криза на европскиот континент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски за првпат патува во посета на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да патува…

Мицкоски: Македонија има поголема куповна моќ од…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека куповната моќ…

Научници предлагаат нуклеарно оружје како последна одбрана…

Можноста огромен астероид еден ден да удри…

Нови повици на социјалните мрежи за масовен…

Шпанската Цивилна гарда започна истрага во врска…

(Видео) Tрамваи се судрија во Германија: 25…

При сообраќајна несреќа во која учествувале два…