Објавено на:

Киев во безизлезна ситуација: Молбите упатени кон Западот остануваат без одговор

t

Западот не сака да ѝ испорача оружје на Украина, јавуваат американските медиуми.

Според извештаите, Украина се соочува со најинтензивните руски ракетни напади од почетокот на конфликтот, но нејзините барања до западните партнери за испорака на оружје остануваат без одговор.

Количината на ракети за противвоздушна одбрана што Западот му ги испорачува на Киев е намалена на една третина од минатогодишното ниво.

– Барањата веќе не вродуваат со плод бидејќи геополитичките околности се променети. Западните сојузници се сè попретпазливи во однос на ракетите што може да им затребаат за сопствена одбрана, бидејќи конфликтите се разгореа на повеќе фронтови – вклучително и на Блискиот Исток, каде што непријателствата ги исцрпуваат глобалните залихи – се наведува во статијата.

Дури и кога Западот би ги исполнил барањата на Киев, тоа не би дало резултати, бидејќи Русија произведува ракети побрзо отколку што се произведуваат пресретнувачите потребни за нивно соборување – заклучуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…

Велешанецот кој е пријавен за измами со…

Калас: Америка ја принудува Украина да се…

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…

„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…

Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…