Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат привремени рестриктивни мерки за руските државјани кои живеат во странство, а се осудени во отсуство или, според властите, избегнуваат извршување на казна.
Законот, кој беше потпишан на 4 август, ќе стапи во сила веднаш по неговото објавување. Тој предвидува формирање посебен регистар на лица против кои ќе се применуваат ограничувањата, а списокот ќе го води руското Министерство за правда.
Мерките се однесуваат и на лица осудени или санкционирани поради дела што руските власти ги поврзуваат со дискредитирање на вооружените сили, статусот на „странски агент“, учество во „непожелни организации“, повици за санкции против Русија или оспорување на територијалниот интегритет на државата.
Откако ќе бидат внесени во регистарот, засегнатите лица ќе се соочат со низа ограничувања, меѓу кои замрзнување на банкарските сметки во Русија, блокирање на електронското банкарство и паричните трансфери, забрана за продажба или пренос на имот и возила, како и ограничен пристап до државните електронски услуги.
Законот предвидува и ограничување на дел од конзуларните услуги во странство, вклучително и издавање или обновување на меѓународни пасоши, со исклучок на одредени документи.
Дополнително, лицата опфатени со мерките нема да можат да се регистрираат како претприемачи или самовработени, да добиваат кредити и државни бенефиции, ниту да овластуваат други лица да постапуваат во нивно име.
Организации за заштита на човековите права оценуваат дека новите мерки практично значат сериозно ограничување на правата на руските државјани во странство, бидејќи државата задржува можност да ги гони, а истовремено ги лишува од голем дел од правата што произлегуваат од државјанството.
Законот е донесен во период кога Русија и натаму се соочува со недостиг на воен персонал, а во јавноста се појавуваат информации за можен нов бран мобилизација по изборите за Државната дума во септември 2026 година. Кремљ засега официјално не најавува нова мобилизација и продолжува да инсистира на доброволно регрутирање по договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин потпиша закон со нови ограничувања за…
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со…
Ќура: Струга е во екот на летната…
Струга е во екот на летната туристичка…
Киев во безизлезна ситуација: Молбите упатени кон…
Западот не сака да ѝ испорача оружје…
Зеленски за првпат патува во посета на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да патува…
Мицкоски: Македонија има поголема куповна моќ од…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека куповната моќ…