Лишен од слобода возачот кој со „фиат пунто“ прегази пешак и побегна

t

Деветнаесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, со автомобил удрил пешак во Скопје и го напуштил местото на сообраќајната несреќа.

Од МВР информираат дека станува збор за Н.Н. (19) од Скопје, кој се сомничи дека на 5 август околу 21:20 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, управувајќи патничко возило „фиат пунто“, удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје, по што избегал.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

По извршениот увид, полициски службеници веднаш презеле мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. По насоки на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Андоновски: Ниту еден дата-центар нема да има…

На денешната седница за пратенички прашања во…

Изречена казна за скопјанецот кој исфрли градежен…

Казнет е скопјанецот кој бил снимен како…

Облачно и постудено време со дожд –…

Под влијание на циклонска активност времето утре…