Калас: Новите руски напади се дополнителна причина за заострување на санкциите против Москва
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека секој нов руски напад врз Украина е дополнителна причина Европа да го зголеми притисокот врз Москва.
Калас на Икс напиша дека Европската Унија, како одговор на неодамнешната серија руски воздушни напади, усвои нови санкции против пет лица поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс.
„Со армија заглавена на бојното поле, Москва дополнително ја ескалира својата кампања на терор против цивилите. ЕУ мора да продолжи да го интензивира притисокот врз Русија сè додека Москва не ја заврши својата војна“, рече Калас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Новите руски напади се дополнителна причина…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Москва нападната преку ноќ со повеќе од…
Руската престолнина Москва е нападната со повеќе…
Москва под сомнеж дека му помогнала на…
Американските разузнавачки аналитичари истражуваат дали Русија му…
Две лица загинаа, а тројца се повредени…
Две лица загинаа во експлозија на гас…
Овогодишната парада беше сосема поинаква, вели дописникот…
Годинешната Парада на Победата на Црвениот плоштад…