(Видео) Силна експлозија или пробивање на звучниот ѕид? Моќен тресок одекна во Москва
Силен тресок, налик на експлозија, денеска околу 11 часот по локално време се слушнал во повеќе делови на Москва и Московската област, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.
Според руските медиуми, голем број граѓани пријавиле дека го слушнале силниот звук, а дел од жителите на московската населба Конјково изјавиле дека почувствувале и ударен бран.
Првичните информации, на кои се повикуваат руските медиуми, укажуваат дека нема опасност за населението. Се претпоставува дека тресокот бил предизвикан од авион што ја пробил звучната бариера над Московската област.
Од руското Министерство за вонредни состојби соопштиле дека се запознаени со настанот, но дека не се забележани чад, пожар или други знаци што би укажувале на експлозија.
Засега нема официјална потврда за причината за силниот тресок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Силна експлозија или пробивање на звучниот…
Силен тресок, налик на експлозија, денеска околу…
Инфлацијата во јули изнесува 0,1 отсто, на…
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Во вторник авионска дезинсекција против ларви од…
Град Скопје ги информира граѓаните дека на…
Во Германија пронајдено дрво старо над 1000…
Во регионот Алгој, на југот на Германија…
Македонските кадети ја победија Португалија и ќе…
Машката македонска кадетска ракометна репрезентација со победата…