Тешко повредена 64-годишна жена во сообраќајка меѓу автобус и автомобил во Скопје

t

Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и сервисната улица во скопската општина Аеродром.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 6 август околу 13:40 часот, кога се судриле автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (47) од село Ново Село, и патничко возило „форд фокус“, управувано од Г.Ј. (55) од Скопје.

Во судирот тешки телесни повреди добила В.В. (64) од Скопје, која била патничка во автобусот. Повредите ѝ биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре врнежи од дожд, од недела…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

Септемвриските пензии ќе се зголемат за три…

Ова значи дека конечниот износ, односно висината…

Станковиќ: Филипче не го претставува членството на…

Остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко…

Руте: НАТО има планови за одговор на…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…

ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ЌЕ ДОНЕСАТ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Андоновски очекува…

Привлекување приватни инвестиции во дата-центри и изградба…