Не се сите против: Мескико и Аргентина застанаа зад Инфантино
По бројните контроверзи на последниот Мундијал, но и по несмасниот предлог Светското првенство да се приватизира, фудбалскиот свет се подели остри на оние кои бараат Џани Инфантино да замине од челната позиција на ФИФА, и на оние кои му даваат поддршка
Фудбалските федерации на Мексико и Аргентина ја изразија својата поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во момент кога првиот човек на светскиот фудбал се соочува со остри критики поради веќе повлечениот предлог за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство.
Мексиканската фудбалска федерација (ФМФ), коорганизатор на неодамна завршеното Светско првенство, се дистанцираше од сопствената регионална конфедерација и застана зад Инфантино, откако КОНКАКАФ побара „целосно преиспитување“ на неговото претседателствување.
Во четвртокот Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) едногласно го поддржа раководството на Инфантино, додека европската фудбалска централа УЕФА порача дека останува на ставот за бојкот на Светското првенство и другите турнири на ФИФА.
Азиската конфедерација соопшти дека изразува „солидарност“ со УЕФА и КОНКАКАФ, која го раководи фудбалот во Северна и Централна Америка и Карибите. Сепак, јужноамериканската конфедерација КОНМЕБОЛ во четвртокот објави соопштение во кое ги отфрла сите обиди за смена на Инфантино кои не би вклучувале гласање од сите 211 членки на ФИФА.
Фудбалската федерација на Мексико се приклучи кон овој став.
„Федерацијата нема да признае, ниту да одобри каков било процес започнат надвор од оваа институционална рамка и се приклучува кон повикот на претседателот Инфантино да продолжиме колективно да го развиваме фудбалот во корист на 211-те членки на ФИФА“, се наведува во соопштението.
Последиците од спорниот предлог фрлија сенка врз кандидатурата на Инфантино за четврти мандат на Конгресот на ФИФА во Мароко во март, нешто што до пред два месеци изгледаше како однапред решена работа.
Сепак, сè уште нема јасен кандидат кој би можел да му се спротивстави на Инфантино на изборите, а швајцарскиот функционер и понатаму има значителна поддршка, вклучително и од светскиот шампион од 2022 година, Аргентина.
Во писмо до Инфантино, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) ја изрази својата поддршка за работата на ФИФА во последните 10 години, нагласувајќи дека таа била „насочена кон развој на фудбалот низ целиот свет и институционална стабилност заснована на јасен, стабилен и транспарентен модел на управување“.
Иако АФА призна дека предлогот предизвикал голема несигурност и дека биле направени грешки, смета дека решението е продолжување на работата под раководство на ФИФА пред Конгресот следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не се сите против: Мескико и Аргентина…
По бројните контроверзи на последниот Мундијал, но…
Големите европски аеродроми го деактивираат системот ЕЕС…
Долгите редици на безбедносните контролни пунктови ги…
Тешко повредена 64-годишна жена во сообраќајка меѓу…
Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена…
Пукање во Скопје: Двајца на мотоциклисти пукале…
Рано утрово во Сарај се случил вооружен…
Дрска кражба во Центар: Скопјанец побарал помош…
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35)…