Објавено на:

ЕУ им постави ултиматум на пет држави поради „златните пасоши“

t

Европската Унија им постави ултиматум на пет карипски држави кои нудат државјанство во замена за инвестиции, барајќи до 2028 година да ги укинат програмите за таканаречените „златни пасоши“. Во спротивно, нивните граѓани би можеле да го изгубат правото на безвизно патување во Шенген-зоната.

Станува збор за Антигва и Барбуда, Доминика, Гренада, Света Луција и Сент Китс и Невис, чии влади веќе најавија заеднички одговор и разговори со Брисел.

Овие програми им овозможуваат на странски инвеститори да добијат државјанство со вложување во економијата на земјата, најчесто преку купување недвижности или уплата во државни фондови. Цената на таков пасош започнува од околу 200.000 американски долари.

Од Европската Унија сметаат дека проблемот повеќе не се само безбедносните проверки, туку и самиот концепт на продажба на државјанство. Од друга страна, властите во погодените земји предупредуваат дека овие програми претставуваат значаен извор на приходи и дека нивното укинување би имало сериозни економски последици.

Преговорите меѓу Брисел и карипските држави треба да покажат дали ќе биде постигнат компромис или ЕУ ќе ја спроведе најавената мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си…

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати…

Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…

„Северна Македонија направи одлична работа во однос…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…